Лешочкиот манастир добива паркинг од 2.300 квадратни метри

84

Почна финалната фаза од изградбата и уредување на голем паркинг простор меѓу Лешочкиот манастир и специјализираната болница за белодробни болести и ТБЦ во тетовски Лешок. Се асфалтира протор од 2.300 метри квадратни.

– Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир го прими градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани кој беше да види како се одвива релизацијата на проектот за уредување и изградба на паркинг простор во Лешочкиот манастир. Проектот се финансираше со средства на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а дел и од сопствени средства на манастирот – информираат од епархијата.

Од 1 февруари во Лешочкиот манастир започна градба на новиот конак кој во текот овие десет месец беше изграден и уреден. Воедно, во рамки на манастирот од 2019 година во неколку фази се врши конзервација и заштита на фрескоживописот во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, како и дренажа околу храмот со цел заштита од подземни води.

Дел од проектот воден од Националниот конзерваторски центар е реконструкција на стариот конак до црквата „Свети Атанасиј“.