Левица – Воведувањето двојазични униформи на полицијата е противуставно

34

Партијата Левица  пред Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на владината уредба за воведување двојазични униформи на полицијата, за која што  велат дека била во спротивност со Уставот, Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и со други подзаконски акти..

-Би сакал да нагласам дека ова е уште едно деградирање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет. Практично, Владата на Република Македонија, не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет. Практично, сите лажни ветувања на владата за ‘европеизација’, тука паѓаат во вода. – истакна  Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица, кој посочи дека „постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива“.

Претходно Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во телевизиско интервју најави дека се спроведувале сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат двојазични, на македонски и на албански јазик.

-Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година – истакна  Спасовски.