Цела Америка е загрижена за инцидентот што се случи на НБА натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Лос Анџелес Лејкерс. По еден срамен потег на најголемата ѕвезда на американската кошарка, Леброн Џејмс, на теренот настана невиден хаос.

Младиот центар на Пистонси, Ајсаја Стјуарт, го загуби разумот и рушеше се пред себе за физички да се пресмета со Леброн.

Се започна кога асот на Лејкерс во еден дуел подмолно му удри тупаница во глава на младиот кошаркар на Детроит и му ја „пукна“ аркадата. Потоа Стјуард сакаше да се пресмета со „Кралот“, до тој степен што сакаше да го „убие“ од ќотек, па повеќемина кошаркари едвај успеаја да го смират.

Поради ова учесниците сигурно ќе добијат драконски казни од челниците на лигата.

Што се однесува до самиот натпревар, Лејкерси славеа со 121:116, иако сето тоа падна во втор план поради споменатата физичка пресметка. „Езерџиите“ клучната разлика ја направија во последната четвртина ја добија со 37:17, а најмногу благодарение на одличниот крилен центар Ентони Дејвис.

Дејвис мечот заврши со 30 поени и 10 скока, додека Расел Вестбрук имаше 26 коша, 10 асистенции и 9 скока. На другата страна се истакна Џереми Грант со 36 поени.