Леброн Џејмс го нема генот на како Мајкл Џордан

76

Легендарниот НБА играч, Скоти Пипен, кој своевремено беше соиграч на Мајкл Џордан во екипата на Чикаго, смета дека Леброн Џејмс не е „направен од ист материјал“ како Мајкл Џордан.

  • Кога го гледам Леброн, тој не е тоа што беше Мајкл како кошаркар. Тој не е ниту како Коби Брајант. Кога ќе се обидете да ги споредите, Џордан имаше инстинкт, способност да превземе контрола на натпреварот, со тоа што покажуваше колку го посакува последниот шут… Леброн го нема тој ген, го нема тоа во себе. Коби го има генот, а тоа можам да го забележам и кај Пол Џорџ, Каваи Леонард, Расел Вестбрук, но нема многу кошаркари со таков став, истакна Пипен, кој заедно со Џордан освои шест титули со „биковите“.

Изминатите неколку години Пипен го фалеше и го кудеше Џејмс, а во 2017 година дури и изјави дека тој е „веројатно пред Џордан“, но сега ја промени плочата. Сега особено беше критички настроен кон Леброн, особено при еден од последните порази на Лос Анџелес Лејкерс од тимот на Атланта со 117:113.

  • Го гледав тој натпревар, беше неизвесен, а тој воопшто не се обиде да дојде до топката, додаде Пипен.

„Кралот“ до сега освои три прстени во НБА лигата, но загуби дури пет финалиња.