Ларсон Џаин: Одлуката за уставните амандмани е во рацете на политичките лидери, реформите во судството клучни

27

Одлуката за уставните амандмани е во рацете на политичките лидери во Северна Македонија. Договорот постигнат со посредство на Франција, кој доведе до отворање на пристапните преговори со Северна Македонија минатата година, вклучуваше обврска за измена на Уставот. Се разбира, важно е да се спроведат преземените обврски, со цел да се гледа како на доверлив партнер и да се оди напред во процесот на пристапување, вели шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин.

– Северна Македонија имаше импресивен почеток на процесот на скрининг, кој започна минатата година. Домашните реформски напори се клучни за продолжување на овој напредок, со вистинска посветеност на сите засегнати страни, како и со национална сопственост, отчетност, транспарентност и професионалност. Реформите во областа на судството и владеењето на правото се клучни за регионот како целина, како и за Северна Македонија, вели шведската амбасадорка во земјава, вели Ларсон Џаин во интервју за „Локално“.

Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ е поддржано од Шведска, вели таа, и она што останува суштинско е домашната реформа, која ќе започне и ќе заврши со кластерот фундаментите на процесот на пристапување.

– Ова ќе биде трансформативен процес. Ќе бара напорна работа и решителност, но реформите ќе имаат корист и за граѓаните на Северна Македонија, истакна амбасадорката.

За уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите, Ларсон Џаин вели дека тоа е во рацете на политичките лидери во Северна Македонија.

– Договорот постигнат со посредство на Франција, кој доведе до отворање на пристапните преговори со Северна Македонија минатата година, вклучуваше обврска за измена на Уставот. Се разбира, важно е да се спроведат преземените обврски, со цел да се гледа како на доверлив партнер и да се оди напред во процесот на пристапување, нагласува Ларсон Џаин.