Крилниот кошаркар на Шарлот, Гордон Хејворд, го пофали соиграчот Ламело Бол.

Популарниот Мело влезе во лигата како трет пик на драфтот и веднаш влезе во историјата. Веќе во седмиот натпревар, тој стана најмладиот играч на сите времиња со трипл-дабл ефект. Досега тој имаше просек од 11.8 поени, 6.8 скока и 6.1 асистенција на 14 одиграни натпревари.

Хејворд, најплатениот играч на Шарлот, го пофали младиот плејмејкер.

  • Мислам дека тој ќе биде многу добар играч и еден од најдобрите во лигата во годините што доаѓаат. Тој има одлична смисла за играта. Тој е ист тип на играч и е многу сличен на Лука Дончиќ и Расел Вестбрук. Топката ги сака. Тој е секогаш вклучен. Секогаш оди на скок и секогаш носи правилна одлука. Toј е биде многу добар, игра со многу енергија, истакна Хејворд.