Лавров во ОН: Побарајте од Киев да ги објави имињата на жртвите од Буча

282

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го повика генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да побара од украинските власти да го објават списокот на загинатите во украинскиот град Бучи.

„Ве молиме побарајте од украинските власти да го направат овој едноставен чекор и да ги објават имињата на луѓето чии тела беа расфрлани низ Буча. Го барам ова со месеци но никој не сака да одговори. Господине генерален секретар, најмалку што можете да направите е да го искористите вашиот авторитет“, рече Лавров на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина, пренесе ТАС С.

На 3 април Украина ги обвини руските сили дека го извршиле масакрот во Буча, во близина на Киев, а локалните власти соопштија дека биле убиени 419 лица.

Лавров рече дека трагедијата во Буча се случила два дена откако руските и украинските преговарачи речиси постигнале договор во Истанбул на крајот на март.

Рускиот министер тврди и дека трагедијата е „недвосмислено исценирана“.

„Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека нашите западни колеги станаа хистерични веднаш по таа измама и воведоа нов пакет санкции против Русија, неосновано обвинувајќи не за убивање цивили. Последиците од оваа пропаганда ја исполнија својата цел, но сега сите освен нас како да заборавија на инцидентот во Буча“, рече Лавров.