Лавина во Брезовица, загина косовскиот заменик-министер Даци

79

Косовскиот заменик-министер за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица, на косовската страна на Шар Планина. Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“. Четириесетгодишниот Даци скијал на Брезовица, кога него и уште едно лице го заробила лавина, се наведува во соопштението на косовската полиција. Лицето кое било со Даци е спасено, соопштила полицијата.

Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент академик Неџад Даци, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.

Според објавените фотографии на Фејсбук профилот на Аријан Даци, тој бил страствен скијач и љубител на убавините на Брезовица.