Куќата на Кипар и вилата во Белград не беа доволно комфорни: Цеца купи луксузен апартман на Копаоник

9138
EPA/GEORGI LICOVSKI

Светлана Цеца Ражњатовиќ организираше уште една традиционална прослава во својот дом по повод празникот Свети Никола, а само неколку дена подоцна повторно беше топ тема на сите медиуми.

Овој пат одекна веста дека се „згрижила“ и за зимската сезона, па купила луксузен стан на Копаоник во кој ќе може да се всели од 1 јануари. Според медиумските шпекулации, пејачката живеела во него со години пред на крајот да го купи. Пејачката претходно престојувала во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор, решила да пласира недвижен имот во оваа зимска бајка.

Во истата зграда каде Цеца го купила станот, порано живеел и најдобриот – Новак Ѓоковиќ. Да потсетиме Цеца поседува и голема куќа на Кипар, каде секоја година ужива во летните денови со семејството.