Куња задолжен за голови

81

Бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико (М), Матеус Куња, е најновата желба на раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Поранешниот фудбалер на германските бундеслигаши Херта од Берлин и РБ Лајпциг ќе ја добие потребната дозвола да се пресели на „Олд Трафорд“ само доколку официјалната понуда за обештетувањето нема да биде помала од 50 мил. евра.