Кутињо е летен приоритет

104

Сопствениците на најбогатиот фудбалски клуб на денешницата, англискиот премиерлигаш Њукасл, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо. Офанзивниот играч за врска е во сопственост на каталонскиот гигант Барселона, но вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен фудбалер во дресот на Астон Вила. Бразилецот ќе биде продаден на првиот тим кој ќе понуди околу 40 мил. евра.