Карбинци од наредниот месец ќе добие вода за пиење од ХС „Злетовица“

40

Осумте села во Општина Карбинци наредниот месец ќе се приклучат на цевководот на Хидросистемот  (ХС )„Злетовица“.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, истакна дека цевководите до населените места се завршени, изградена и е филтер станицата. Во моментов се завршуваат помали градежни работни за жителите да добијат вода за пиење од „Злетовица“.

Посочи дека завршени се и испитувањата во Белград, а кои се однесуваат за квалитетот на водата.

-Сите цевководи во должина од 18 километри се изградени, исто така и пумпни станици покрај двете населени кои ќе работат, по тој принцип се изградени. Во почетокот на месец септември се очекува да биде пуштена оваа вода, вели Паунов.

Но, колку Општина Карбинци е подготвена да им излезе во пресрет на предизвиците кои ги носи големиот притисок на вода од ХС „Злетовица“, а поради кој страда старата водоводна мрежа и се случуваат дефекти. Паунов вели дека мрежата е идентична како и во Штип.

-Општина Карбинци исто како и во Штип, има дотраени водоводни линии, кои во изминатите години за жал не се реновирани или обновувани, така да се надевам дека ќе имаме малку проблеми или да се надевам дека ќе немаме воопшто проблеми, но бурно ќе ја следиме работата откако ќе го пуштиме во оптег овој систем, рече Паунов.