Кулушевски како „петел“

117

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на шведскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Дејан Кулушевски. Новиот менаџер на популарните „петли“, Нуно Еспирито Санто веќе има дадено зелено светло за реализација на трансферот, но истиот ќе стане реалност за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.