Кузмановска:Пристигнуваат во земјава шест работници од Кина

97

Д-р Гордана Кузмановска денескас појасни дека комуницираат постојано со патници, наши и странски граѓани кои влегуваат на еден премин, излегуваат на други премин соодветно на сите процедури кои се востановени и практично се имплементираат на нашите гранични премини и сувоземни и на аеродромот.

Пристигнуваат шест од работниците од Кина, кои таму беа подложени на 14-дневен карантин пред нивното доаѓање, а кои работат во западниот дел на државава. Тие ќе бидат соодветно пречекани од наши здравствени работнции и во зависност од тоа каква им е здрвствената состојба, во каква состојба се, после земена епидемиолошка анкета ќе се утврдат натамошни мерки. Можно е нивно 14-дневно задржување и тука во нашата држава пред да почнат со работа, истакна д-р Кузмановска.

Посочи дека согласно сите процедури немаат дополнителни информации за наши граѓани кои се позитивни или болни во некоја од другите земји. – Редовно комуницираме и добиваме редовно известување од фокал точката за меѓународниот здравствен правилник од Јапонија за состојбата на нашите патници на бродот во Јапонија и со другите соодветни такви фокал точки во другите држави ако нешто се случува, додаде д-р Кузмановска.