Криев дека сум повреден, спиев во секс-хотел, ме нападнаа со ножеви…

172

„Знам што ќе кажете, тоа го слушам веќе десет години. Ќе прашате: Пато? Што се случи со него? Зошто не ја освои „Златната топка“? Зошто постојано беше повреден? Ех, човеку. Морав да дадам одговор на тие прашања многу порано.

Со овие зборови, Александре Пато (32), поранешниот напаѓач на калчо гигантот Милан и репрезентацијата на Бразил, го започнува интервјуто кое е објавено во „The Players Tribune“.

Пред 15-години Пато важеше за чудо од дете и за еден од најголемите светски таленти, но денес, Бразилецот е ветеран и е под договор со американскиот клуб Орландо. Како што поминуваа годините, така кариерата на Пато се движеше по надолна линија, до фудбалска анонимност во малку познатиот клуб од Америка.

  • Можеби е време да исправам некои работи. Имам 32 години. Среќен сум, во форма сум. Не жалам за ништо ниту за некого. Јас не можам да го променам мислењето на тие кои сакаат да веруваат во трачевите. Ако сакате да знаете што точно се има случено, тогаш подобро да слушате, изјавува Пато.

Бразилецот тврди дека „Господ му го има дадено талентот“ и открива дека како мал го следеле многу големи клубови. Според него, најголема грешка е таа што премногу млад си заминал од својот дом. Во 2007 година потпишува за Милан и тогашниот тренер, Карло Анчелоти, му е како втор татко.

MILAN, ITALY – DECEMBER 21: Pato of AC Milan celebrates after scoring during the Serie A match between AC Milan and Udinese at the Stadio Meazza on December 21, 2008 in Milan, Italy. (Photo by New Press/Getty Images)
  • Карло дури и своето куче го нарече Пато. Ја видовте таа слика од него направена за време на парадата во Мадрид, со наочари и пура во устата? Во Милан знаеше да дојде на тренинг со хеликоптер. Живееше во Парма, а неговата сопруга знаеше да лета со хеликоптер. Излегуваше од хеликоптерот како Џејмс Бонд. Ако некој живее со стил, тогаш тоа е Карло.

Највеќе сепак има научено од клупските легенди, Сидорф, Пирло, Роналдињо… После секој тренинг Пато тренирал долги топки со Сидорф и Пирло.

  • Пирло ми кажа: „Ти само трчај, топката ќе дојде до тебе“. И секогаш така беше. За време на втората сезона решив да вежбам слободен удар. Кога видов кој веќе вежба? Пирло, Сидорф, Роналдињо, Бекам. Си реков самиот на себе: „Денес сепак само ќе гледам“.

Пато пизнава дека премногу се забавувал во ноќните клубови, но не толку колку што се пишувало, дека во еден момент ја загубил желбата да игра фудбал и живеел во свој свет. На крајот од авантурата во дресот на Милан се забавуваше со ќерката на сопственикот на „росонерите“, Силвио Берлускони, Барбара.

  • Раскинав со девојката кога си заминав од Вилјареал. Потоа бев во Кина, но и во Кина немав девојка. Тргнав по погрешната патека. Дојдов во Лос Анџелес, таму го сакав најдобриот хотел, најдобриот автомобил, најдобрите забави. Често пати до мене имаше некоја девојка која шмрка кокаин. Тогаш се прашував што барам на вакво место. Потоа се вратив во Барзил и испратив порака на мојата стара пијателка Ребека. Ја прашав дали сака да се дружиме. На напивме кафе и сфатив дека тоа е тоа кое го сакам, откри Пато.

После неколу месеци Пато се ожени со Ребека, се повети на религијата и сега минува низ втора младост.

Пред да потпише за Интернационал, Пато морал да одигра неколку тест натпревари. Неговите родители немале многу пари и морале да го сместат во еден евтин хотел кој бил наменет за секс дружба.

  • Сине, ова е единственото место кое можеме да си го дозволиме. Тоа ми го кажа мојот татко. Луѓето имаа секс додека го гледаа стадионот на Интернационал. И сега се шегувам со мојот татко околу тоа. Да ги направив тоа во денешно време, сигурно ќе завршев во затвор, додава Пато.

Серијата повреди започна во 2010 година, кога загуби верба во своето тело.

  • Се плашев што ќе кажат луѓето околу мене. На тренинг заминував со мислата дека не смаеа да се повредам. Си молчев ако имав некаква болка. Ќе се рехаблитирам од повредата на мускулот и веднаш го повредував зглобот. Но, продолжував да тренирам. Бев потечен како топка, но не сакав да го оставам тимот на цедило. Сакав на сите да им удоволам, а тоа беше моја мана, открива Пато.

Во 2013 година се врати во татковината како фудбалер на Коринтијанс, но после еден промашен пенал, навивачите сакаа да го убијат.

  • Промашив „паненка“, тоа беше грд пенал, но не е точна информацијата дека сум бил претепан од тимските колеги. Точно е дека се возев низ Сао Паоло со наоружани телохранители и во блиндиран автомобил со солзавец бомби. Еден ден, навивачите влегоа во тренинг центарот со бејзбол палки и ножеви. Беше страшно, имаше многу работи кои немаат допина точка со фудбалската игра, додава Пато.

Три години подоцна се врати во Европа откако самиот го договори трансферот во Вилјареал.

  • Му се јавив на Даниеле Бонера, кој го знаев од Милан и го прашав дали Вилјареал е заинтересиран за моите услуги. Тренерот Марселињо ми понуди договор и ете ме во Шпанија. Опа! Самиот си го реализирав трансферот. Контактот и добрите односи повторно вродија со плод. Можеби не станав најдобар светски фудбалер, но брат, нешто ќе ти кажам. Имам фантастичен однос со мојата фамилија. Во мир сум со самиот себе. Имам сопруга која ја сакам. И мислам дека имам многу „златни топки“. Ако е животот натпревар, тогаш јас победив, заврши Пато.