Општина Крива Паланка освои втора награда на конкурсот за „Најеколошка општина за 2023“ година во организација на Пакомак и Балкан ЕКО институт, кои ја наградија општината со сет реквизити за најмладите жители.

– Заложбите за чиста и зелена општина се препознаени, даваат резултати и носат позитивен имиџ на градот. Благодарност до сите што со секојдневната работа придонесуваат нашиот град да биде позициониран високо на листата на најчисти градови во земјава – рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Организаторите на конкурсот “Пакомак” и “Балкан ЕКО институт” ја наградија општината со сет реквизити за најмладите жители.

Општина Крива Паланка во изминатите две години вложува во уредување на јавни зелени површини, засадени се над 2.500 садници, како и во одржување на хигиената во градот.

Победник на конкурсот за најеко општина 2023 е општина Берово бележи значителни резултати кон еколошки придонеси,  како во однос на еко проектите во текот на изминатата година, така и во однос на  соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад, на ниво на општина и унапредување на системот за селектирање на отпад.