Крводарителска акција во Општина Аеродром

29

Крводарителска акција денеска од 9 до 14 часот ќе се одржува во просториите на Општина Аеродром.

Како што информираат општинските власти, крв ќе можат да даруваат сите заинтересирани граѓани, а ќе се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот крст – Општинска Организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.