Крај на надежите – Македонските фудбалери поразени од Грузија во Лигата на нациите

403
ФОТО: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2-0 на гостувањето кај Грузија во рамки на 5.коло во Лигата на нации. Овој пораз значи и крај на сите наши надежи за првото место во групата. На Грузијците пак, овој триумф им го осигураа местото во баражот за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Во првиот дел,  македонските фудбалери имаа неколку удари од далечина и иницијатива, но без ефект, па набрзо беа казнети со водство на противникот.

Во 36.минута од натпреварот Бојан Миовски несреќно си постигна автогол, а во 64.минута Кварацкелија ги уништи сите наши надежи за позитивен резултат на натпреварот откако погоди за 2-0.

Во последното коло, во понеделник, Македонија ќе игра со Бугарија во Скопје и ни е потребен барем реми за да го осигураме второто место во групата 4.