„Кралски“ дрес за Доминик

59

Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на Реал (М) се сериозно заинтересирани за услугите на најдобриот голгетер во дресот на англискиот премиерлигаш Евертон, Доминик Калверт-Левин. Повремениот репрезентативец на Франција е дефиниран како идеална зимска аквизиција и затоа се очекува во следните неколку недели „кралскиот клуб“ да испрати официјална понуда не помала од 40 мил. евра.