Кој ѝ изразува љубов на Чемерија среде Скопје ?!

379

Огромен напис „I love Cameria“ никна на надвозникот кај плоштадот „Скендербег“ среде Скопје и експресно го снема.

За кого е ова наменето, кому му служи и со каква цел не е познато, но денеска предизвика реакција кај голем број скопјани. Од Општина Чаир за весникот ВЕЧЕР изјавија дека не знаат кој го стави и кој го тргнал, но дека во иднина во вакви ситуации ќе регаираат со асистенција на полицијата.

Чемерија е називот кој Албанците го користат за јужните делови на Албанија и дел од Епир, кој не е прифатлив за Грците, зошто генерално се поврзува со албанскиот иредентизам. Чемерија е дел и од идејата за Голема Албанија и „природното“ поврзување на етничките Албанци.