Кој е Павле Камиловски? Такт по такт – но никогаш веќе работа на брод

971

Забавно-музичка балада во италијански боса стил, која многу се врти по радио станиците. Тој стил, велат повеќемина слушатели, некако најмногу му лежи на Камиловски. Веројатно и поради неговиот италијанско-медитерански мачо физички изглед. Песната ја компонирал хит-мејкерот Роберт Билбилов, а во спотот главната улога ја има манекенката Маја Сашек

Неговото минато кажува дека своевремено работел на брод. Всушност, самиот тој, пејачот Павле Камиловски, раскажа дека „тоа беше една поголема луксузна јахта која пловеше низ италијанските мориња“. –Тогаш бев бармен.На бродот се организираше пејачко талент шоу помеѓу персоналот. Ме убедуваа да се пријавам. Ги послушав. Јас победив! По оваа авантура на бродот, веќе на брод не работев, почнав да се занимавам со музика, ги имав веќе 27 години.

Негов пропуст е што својот пејачки талент го потиснувал уште од дете, како да се срамел. Сепак, сè си дојде на своето после таа споменатата неочекувана победа на бродот. Камиловски кај нас досега најмногу е познат по проектот “Мала Италија“ со кој направи одличен успех.

Тој иако е всушност тенор, забавната музика му е голема љубов. Ги пее со задоволство сите големи хитови на Френк Синатра, Дин Мартин, Том Џонс …, но воедно снима и нови песни со што ја збогатува македонската естрада. Досега тој е и интернационално наградуван и имаше 9 самостојни концерти. Камилоски се истакнува и како интерпретатор на безвременските џез песни кои се исто така дел од неговиот музички опус.

Песната „Такт по такт“ во негова изведба која многу се врти по радио станиците е забавно-музичка балада во италијански боса стил. Тој стил, велат повеќемина слушатели, некако најмногу му лежи на Камилоски. Веројатно и поради неговиот италијанско-медитерански мачо физички изглед. Песната ја компонирал хит-мејкерот Роберт Билбилов, а фантастичниот спој на проза и поезија се дело на Робин Зимбаков и Алек Русјаков. Како придружен вокал во песната е харизматичниот глас на познатиот поп пејач Александар Тарабунов.

Песната си има и видео приказна. Во неа главната улога ја игра познатата манекенка Маја Сашек, а сè е под режисерка палка на Принц. Сè на сè, необична носталгична песна со убав спот, сеќавање на некои поминати времиња со истакната носталгична нота. Таман сè заедно на купче, доволно за голем естраден успех на Павле.                  Д.М. фото:ФБ