Кошарката од минатото е неспоредлива со денешната

247

Легендата на македонската кошарка низ историјата, Лазар Лечиќ, во интервју за српски „Курир“, се осврна на повеќе проблематики и теми во кошарката, а меѓу нив е и една која и нас не засега.

Најатрактивно за нашата публика е сигурно тоа како ветеранот гледа на сегашната кошарка, во споредба со онаа легендарна југословенска школа која владееше во светски рамки.

На прашањето како ја гледа кошарката некогаш и сега и дали таа може да се спореди, легендарниот стратег јасно порача.

  • Не може да се споредува, Југославија во тој период од 1965 до 1980 година доминираше. Тоа беше најдобрата кошарка во светот. Тогаш овој спорт беше воден од професионални тренери, луѓе кои креираа нешто. Доколку Американците не не растуреа и не ја поделеа Југославија, денеска ќе имавме силна кошарка истакна Лекиќ.

Лазар беше дел од златната генерација на кошаркари и стручен штаб, предводени од покојниот Ранко Жеравица, кои за прв пат во југословенската кошарка освоија златен медал, до далечната 1970 година во Љубљана.