Куќи-кафулиња никнуваат низ Србија, не остана слободна викендичка. Во тајните кафеани“ доаѓаат и средношколци и студенти и постари, па многумина од идеја како да се дружат во текот на короната направиле бизнис. 

Покрај неодговорните угостители, корона забавите се повеќе ги организираат млади луѓе изнајмувајќи куќи и викендички во предградијата на градовите низ Србија и ги претвораат во„тајни кафулиња“. Тие направија добар бизнис од тоа, и да биде работата уште полоша, надлежните служби не можат да ги спречат ваквите собири, пишува српски „Блиц“.

Веќе со недели хит меѓу младите се „тајните кафеани“ на периферијата на градовите или во селата. Тинејџерите одлучија да се снајдат во време на забрана на работа на кафулињата по 20 часот и изнајмуваат куќи или викендички кои работат 24 часа.

Изнајмивме за еден месец викендичка надвор од градот. Цената е смешна 200 евра. Преку ден доаѓаат луѓе на влезот оставаат во кутијата 200, 300 српски динари за влез. Доаѓаат на кафе и за дружење. А навечер се журките, пуштаме музика, направивме шанк, секоја вечер доаѓаат по 150 луѓе, раскажува момче од Шумадија.

На забавата можат да влезат само доверливи луѓе, односно луѓето кои добро ги познаваат организаторите.Овие лица можат да ги донесат своите роднини и пријатели, но само ако тие је гарантираат дискреција. Кодот се изговара на влезот во точно договореното време и се користи како билет.

Доцнењето не се толерира. Вратата не се отвора дури и за редовните гости ако не стигнале на време. Кој веќе влегол на корона-забавата, не може дури да го напушти објектот кога сака туку мора да го најави излегувањето со цел „обезбедувањето“ да му обезбеди „безбеден“ излез.Сè се одвива зад затворени врати и прозорци со претежно затемнета светлина и музика.

Како што пишува „Блиц“, во тие „тајни кафеани“ доаѓаат и средношколци и студенти и постари, па многумина од идеја како да се дружат во текот на короната направиле бизнис. Овој случај не е осамен, во околината на поголемите градови речиси е невозможно да изнајмите празна куќа или викендичка на подолго време.