Короната донесе и некои нови занимања – 8 работни места меѓу најпопуларните

166

Пандемијата на коронавирусот го смени речиси секој аспект на животот, особено начинот на којшто работиме, а милиони работни места ги направи беспотребни.

Но, сепак вирусот создаде и потреба за нов тип на работни места. Додека едни разгледуваат како на најбезбеден начин да ги вратат своите работници во канцелариите, други ангажираат луѓе кои ќе мерат температура и ќе помагаат при тестирање на вирусот.

Ова се осум работни места чија популарност расте низ светот и веројатно уште повеќе во наредниот период.

Трагачи за контакти – ќе ги бараат луѓето кои потенцјално се заразиле со вирусот, да да ги советуваат и да договорот тестирање.

Ковид-19 лаборанти – ќе спроведуваат земање на брисеви во болници, старски домови, фабрики, канцеларии и веројатно поголемиот дел од нив ќе бидат од медицинска струка.

Ковид-19 негователи – се зголеми потребата од негователи кои се грижат за заразените

Мерачи на температура – аеродроми, спортски стадиони, рестпрани, училишта, компании. Во ек на пандемија на сите локации треба да има работници кои ќе ја проверуваат температурата пред влез.

Службеник за спроведување на закон – многу градови вработуваат луѓе кои им помагаат на службените лица да ги следат граѓаните кои ги кршат мерките и социјалното дистанцирање.

Производители и инсталатери на прегради – компаниите и училиштата ќе мораат да инсталираат плексиглас и кабини ако сакаат на сигурен начин да примаат студенти, работници и купувачи. Како резултат на тоа постои потреба од луѓе кои ќе го работат тоа.

Производители на маски на лице – луѓето, како што засега стојат работите ќе мораат долго во иднината да носат маски за лице. Според некои предвидувања побарувачката на маски ќе расте, па така и потребата од зголемување на нивното производство.

Zoom експерти за поддршка – додека професорите се прилагодуваат на виртуелните училници, а лекарите ги извршуваат прегледите преку монитор, се е поголема потребата за техничка поддршка за видео платформа, која ќе им помогне на луѓето во олеснување на видео состаноците.