Шангајскиот атлетски маратон кој требаше да се одржи на 28. ноември е одложен заради благ пораст на заразени со коронавирусот, објавија организаторите. Според последните информации во Кина има 54. нови случаи, но кинеските власти ја следат политиката на нулта толеранција на контамизација, три месеци пред стартот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

-Избравме да бидеме внимателни, здравјето и безбедноста на натпреварувачите се наш приоритет. Секако и здравјето на нашите сограѓани, се вели во соопштението на организаторите.

Новиот термин за одржување на маратонот ќе биде дополнително одреден, а претходно од истата причина беше откажан и маратонот во Пекинг и Вухан.

Организаторите на Зимските олимписки игри соопштија минатиот месец дека коронавирусот е најголем предизвик во подготовка на натпреварувачите, а кинеските власти направија се да го спречат новото избивање на заразата.

Шангајскиот Дизниленд е затворен од 1. ноември, отккао беше откриено позитивен резултат на тестирањето на поранешен посетител, а милиони Кинези беа ставени во изолација.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари со учество на 2.900 спортисти кои мора да бидат целосно вакцинирани ии пак да поминат 21. ден во карантин по пристигнувањето во Кина.