Перформансот „Мене ништо не ми пречи“ на Театар Пи вечер ќе биде изведен во паркот во Ѓорче Петров.

Посетителите ќе можат да проследат концерт на класична музика и џез импровизации со Дино Имери, Дино Рамо, Ема Ананисевска, Златко Митрески, Игор Ангелов, Јаков Ангелов, Ева Малин, Ана Тодоровска и изложба на фотографии чии автори се лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП- Порака Скопје и ученици од основите училишта „Димитар Поп-Беровски“, „Мирче Ацев“, „Страшо Пинџур“ и „Јоаким Крчовски“.

Во перформансот „Мене ништо не ми пречи“ учествуваат лица со интелектуална попреченост и лица со типичен развој, како и професионални музичари и уметници кои ги водеа работилниците во изминатите пет месеци. Музичките работилници ги водеше музичарот Дино Имери, а фотографските фотографот Благоја Блажевски. Ова е реализација на првиот дел од кампањата „Мене ништо не ми пречи“ по кој следуваат театарски работилници и театарски перформанс кој ќе го водат актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.

Проектот се реализира во соработка со Општина Ѓорче Петров и основните училишта во Ѓорче, ЦПЛИП – Порака Скопје и е поддржан од Општина Ѓорче Петров, Министерство за култура, Град Скопје, Европската куќа во Скопје (Europe House Skopje), Амбасадата на Република Полска во Скопје.