Конте го отпиша и Најголан

80

Освен тие на Мауро Икарди, новиот предводник на калчо гигантот Интер, Антонио Конте, ги информирал клупските челници дека во новата сезона нема да смета ниту на услугите на белгискиот интернационалец, Раџа Најголан.

Трофејниот италијански стручњак не сака да соработува со искусниот играч за врска поради неговото проблематично однесување надвор од фудбалските терени. Доколку биде прекината соработката со Најголан, Интер ќе се обиде да ги осигури услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на Барселона, Артуро Видал.