Консултативна средба на младинските организации од Центар

26

Младинските невладини организации кои што имаат седишта и кои што ја обавуваат својата дејност на територија на општина Центар, в четврток во 12 часот ќе учествуваат на консултативна средба за прашања од интерес за младите која ќе се одржи во Младинскиот центар „Матично“.

Како што информираат од Општина Центар, на средбата ќе се опфатат неколку теми кои се важни за подобро функционирање на општината заедно со младите, со цел Општина Центар да прерасне во општина пријател на младите која во целост ги исполнува обврските кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики.

Ќе се дискутира за тоа какви политики младите сакаат заеднички да развиваат, како тие ја гледаат соработката со службите на општината и развојот на сервисите за млади, вклучувајќи го и Младинскиот центар „Матично“.