Конор Мекгрегор е машина за правење пари

29

Ирецот Конор Мекгрегор е најпрофитабилниот УФЦ борач кога во прашање е минатогодишната заработувачка. Големиот шоумен одработи само една борба во која беше поразен од Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов, но притоа заработи малку повеќе, три милиони долари. Втор на оваа листа е Хабиб со два и пол мил. долари, додека трет е легендарниот Марк Хант со 2.29 милиони.

Шампионот во тешка категорија, Даниел Кормие е четврти со 1,82 мил. долари, додека ТОП 5 листата ја затвара уште една легенда, Алистар Оверим со 1.72 милиони.

Хрватскиот борач Стипе Миочиќ, кој во 2018 година го победи Франсис Н‘Гану, па загуби од шампионот Кормие, инкасираше на свое конто 1.4 милиони долари.

Кога во прашање се дамите, на оваа листа води Крис Киборг, со 1.08 милиони и е деветта на вкупната листа.

Во ови бројки се пресметани и хонорарите и бонусите за најдобрите настапи, но не и примањата од ТВ – преноси и заработувачката од спонзорските договори.