КОНЕЧНО, ПОСЛЕ 11 ГОДИНИ:Тоше Проески добива достојно вечно почивалиште

302

Кога премиерот Зоран Заев ја најави реставрацијата на гробното место на легендарниот Тоше Проески многумина се сомневале во тоа. Но еве, зборот си е збор. Нашиот Тошка, како што нагалено си го викавме, дефинитивно добива достојно почивалиште. После оној теписон со вештачка трева, а кој е заграден со пластичен плексиглас, сега на Гумење ќе биде онака како што ѝ доликува на една ваква светска пејачка ѕвезда која замина во легендите. „360 степени“ ги објави првите слики како ќе изгледа надворешното уредување на гробот. Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски. Тој бил единствениот кој се пријавил на конкурсот. Изградбата на вечниот дом на Тоше, според Општина Крушево, ќе чини околу 150.000 евра, а општината веќе аплицирала до Министерството за култура.