Кондовски на средба со Здруженијата за заштита на животните

32

Сите отворени прашања во врска со заштитата на животните во Битола ќе се решаваат во соработка со Здруженијата за заштита на животни.

Ова денеска го порача кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, на средба со битолските здруженија и фондации кои работат во оваа област.

– Тие најдобро ги познаваат актуелните состојби и во Битола пренесуваат светски искуства како да се подобрат условите за животните, но и како овие прашања да се решаваат во интерес на граѓаните. На заедничка маса за овие прашања дискутиравме и со ветеринари и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Отворената комуникација е основа за ефикасна соработка со правец на тоа решенијата брзо и конкретно да се спроведуваат во пракса, рече тој.

Средбата следеше откако претходно во текот на денот Кондовски промовираше проект за модернизација на битолската золошка.

– И во тој проект ќе бидат вклучени сите сугестии на здруженијата за заштита на животните, бидејќи сакаме да обезбедиме подобри услови за животните во битолската золошка градина. Воедно, Битола ќе добие и модерно прифатилиште за кучиња – тоа го предвидува и законот, со што ефикасно ќе се работи на решавање на проблемот со уличните кучиња, рече тој.