Конгресниот центар ИФЕМА во Мадрид станува болница со 5.500 кревети

35

Регионалната Влада на Мадрид најави дека Конференцискиот центар ИФЕМА ќе го претвори во импровизирана воена болница со 5.500 кревети, бидејќи клиниките се соочуваат со недостог од простор, медицински персонал и материјали.

-Најтешките денови се пред нас, изјави на прес конференција началникот на Итната служба, Фернандо Симон, пренесуваат британските медиуми.

Бројот на заболени во Шпанија вчера скокна за околу 20 отсто, зголемувајќи се на 20.500 , а досега умреа над 1.000 лица.

Во Мадрид веќе два хотела се претворени во болници за лекување на заболени од коорнавирусот.