Колоритен остров со чуден закон: Казна за оној чија куќна фасада е во погрешна боја

279

Бурано е остров во венецијанската лагуна, кој, како и Венеција, има канали што го делат на помали делови, така што излегува дека баш и не е остров, туку архипелаг.

Се наоѓа во близина на островот Торчело, кој е познат по ракотворби од тантела.

Во просек има околу 4.000 жители, и шарените куќи станаа негово обележје.

Жителите на ова место се законски обврзани редовно да ги бојат фасадите на куќите, а изборот на боја не смее да биде произволен.

Имено, секој жител мора да ја избере нијансата на боја во согласност со локацијата на нивниот имот во населбата, а бојата мора да биде компатибилна со онаа на другите куќи.

Од бројните легенди пренесувани од локалното население, најпозната е онаа што е поврзана со шарените фасади на куќите. Односно, се верува дека домаќинствата ги боеле фасадите на куќите во отскокнувачки бои, за да можат морнарите за време на силни бури и дождови, да го воочат пристаништето во градот.