Кои намирници го подобруваат функционирањето на пенисот

15137

Мајкл Мозли е доктор кој за The Sun изјави дека коренестиот зеленчук има позитивно влијание врз нашиот сексуален живот бидејќи го подобрува протокот на крв во пределот на интимните органи, а исто така го намалува крвниот притисок.

„Тоа делува слично како и вијаграта“, тврди докторот, а како пример го наведува цвеклото кое е многу богато со нитрати.

„Бактериите во устата ги претвораат нитратите во азотен оксид. Тоа предизвикува проширување на крвните садови и опаѓање на крвниот притисок, а на постарите им дава поттик да станат поактивни“, објасни докторот, кој изјави дека освен цвеклото, има и друга храна што може да има сличен ефект. Спомна боровинки, јагоди, но и омилениот пијалок на многумина кафето.

Според едно американско истражување, мажите над 20 години изјавиле дека после пиење кафе полесно постигнуваат ерекција.

Покрај докторот Мајкл Мозли, за „Сан“ зборуваше и нутриционистката Кристен Ставридис, која особено внимание посвети на темното чоколадо.

Чоколадото стана синоним за секс и романтика и не е чудно што е поврзано со зголемена сексуална желба.

„Ова веројатно се должи на високата количина на кофеин“, објасни таа, додавајќи дека темното чоколадо содржи големи количини на аминокиселина која потенцијално го зголемува чувството на задоволство и сексуалната желба.

Јадењето лоша храна нема да го натера вашиот пенис да престане да работи преку ноќ, но нездравиот начин на исхрана може да придонесе за други здравствени проблеми кои можат да доведат до еректилна дисфункција.

Алкохол

Прекумерното консумирање алкохол може лошо да влијае на вашата сексуална врска. Д-р. Нил Пател тврди дека неговото консумирање го намалува протокот на крв во пенисот, што на крајот предизвикува еректилна дисфункција.

Мрсна храна

„Високиот холестерол и дебелината се два фактори кои придонесуваат за развој на атеросклероза, што многу го отежнува постигнувањето на ерекција“, изјави д-р Нил за The Sun.

Здравствените експерти препорачуваат да се вклучат повеќе незаситени масти во исхраната.

Не е лошо мрсната храна да ја замените со маслиново масло, авокадо и јаткасти плодови.