Коза активирала експлозив и покосила најмалку 40 руски војници

1290

Најмалку 40 руски војници се повредени откако една уплашена коза со своето хаотично движење активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје, јави британски Телеграф.

Руските воени сили поставувале мини кога козата која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, потскокнувајчи го активирала експлозивот.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјавил дека руските војници поставувале мини околу локалната болница. Набрзо откако ја поставиле замката со мините, козата дотрчала во тој дел и покренала верижни експлозии во кои се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења козата активирала неколку гранати. Поради тоа, неколку Руси се здобиле со повреди од различна тежина“ – информираа украинските служби.

Првичните претпоставки се дека се ранети 40 руски војници. Козата што ги предизвика експлозиите веќе и доби име, наречена е „Козата од Киев“.