Си-би-ес деновиве пред публиката го претстави и првиот трејлер за „Кларис“, серијата тесно поврзана со култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ со Џоди Фостер и Ентони Хопкинс.

Заплетот на серијата „Кларис“ започнува една година по настаните што се случија во филмот на ЏонатанДем од 1991 година. Да потсетиме, овој филм беше награден со Оскар.

КларисСтарлинг се враќа во Западна Вирџинија за да разреши нов случај, но сепак е прогонувана од нејзиното минато, односно средба со серискиот убиец Бафало Бил.

Улогата на Кларис ќе ја игра Ребека Бридс, а премиерата на првата епизода е закажана за 11 февруари 2021 година.