Кога сте на врвот од планината, не гледате што е доле

89
epa10335283 Cristiano Ronaldo of Portugal scores the 1-0 during the FIFA World Cup 2022 group H soccer match between Portugal and Uruguay at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 28 November 2022. EPA-EFE/Abir Sultan

Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, повторно зборуваше за тешките денови од втората фаза како фудбалер на Манчестер Јунајтед. Поради сите тие проблеми, крилниот напаѓач донесе одлука дека треба веднаш да си замине од „Олд Трафорд“, а неколку недели подоцна потпиша договор со тимот на Ал Наср. Португалскиот фудбалер никогаш не се снајде под водството на Ерик тен Хаг, кој не му ја даде посакуваната минутажа. Во ексклузивното интервју кое го даде за Пирс Морган, трофејниот играч ги критикуваше раководните лица и менаџерот на „црвените ѓаволи“, а таквиот негов став резултираше со отказ.

  • Немам никаков проблем да кажам дека сум имал лоша фаза во мојата кариера, но немам ни време за да се жалам на таа тема. Животот иде понатаму без разлика на тоа дали ви иде добро или лошо, се тоа е дел од развитокот. Кога сме на врвот од планината, често пати не го гледаме тоа кое е долу. Никогаш го немам искусено тоа кое го проживеав во последните неколку месеци. Сега сум подобар човек, изјави Роналдо.

Португалија на стартот од квалификацискиот циклус за ЕП 2024 игра против репрезентацијата на Лихтенштајн. Доколку истрча на зелениот терен, Роналдо ќе дојде и до епитетот светски рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата. Тоа ќе му биде 197 натпревар и ќе го прескокне Бадр ал-Мутава кој одигра 196 натпревари за репрезентацијата на Кувајт.