“Заштитниот знак на оваа секогаш екстравагантна, брутално искрена и луцидна српска писателка популарна во целиот регон, беа уникатните шешири, широката насмевка, но и нејзините книги во кои пишуваше отворено за животот. Токму затоа, таа беше омилена меѓу читателите од сите возрасти, жена борец, дама со стил и писател кој не трпи никаква цензура. Македонската читателска публика имаше можност Македонската читателска публика имаше можност да ја запознае преку книгите “Мојот дедо Луј Витон“, “Последниот Христијанин“, “Романот за прељубата“, “Спас“- во три дела, “Мирисот на небото“… Таа често зборуваше отворено за својата болест.  “Колку и да ме удира животот, мое е да станам. Го ставам шеширот и продолжувам“, велеше Исидора која во Скопје често доаѓаше поради терапиите кои ги примаше во една од скопските болници…

“Кога ни е најтешко, треба да изгледаме најдобро, така е се полесно…“, вака зборуваше екстравагантната и секогаш брутално искрена српска писателка Исидора Бјелица, која завчера на 52 годишна возраст ја загуби долгата и тешка битка со подмолната болест. Нејзиниот заштитен знак беа уникатните шешири и широката насмевка, но и нејзините книги во кои пишуваше искрено и отворено за животот. Токму затоа, таа беше омилена меѓу читателите од сите возрасти, жена борец, дама со стил и автор кој не трпи цензура. Македонската читателска публика имаше можност да ја запознае преку книгите “Мојот дедо Луј Витон“, “Последниот Христијанин“, “Романот за прељубата“, “Спас“- во три дела, “Мирисот на небото“… На промоциите кои ги имаше во Скопје, таа се дружеше со своите македонски фанови и со задоволство одговараше на нивните прашања. А во книгите и во медиумите зборуваше отворено и за својата болест.

“Колку и да ме удира животот, мое е да станам. Го ставам шеширот и продолжувам“, велеше Исидора која во Скопје доаѓаше и поради терапиите кои ги примаше во една од скопските болници.

“И овде во Скопје, и во Белград, луѓето штом ме видат ме прегрнуваат, ме стегаат за рака, се молат за мене, ми даваат цвеќе, јаболко, икони… Тоа е мојата сила“, ќе речеше писателката.

Која е Исидора Бјелица?

Родена е во Сараево на 10 декември 1967 година, каде завршила средно училиште, а Факултетот за драмски уметности во Белград, на Катедрата за драматургија, каде се стекнала и со магистерски студии. Едно време работела и како асистент на предметот Сценарио. Во 1986 година, на 18-годишна возраст, ја објавила својата прва книга наречена „Први разбудени“, за која ја добила наградата Литературна младина на Југославија. Бидејќи нејзиниот дедо Душан Ѓуровиќ бил претседател на Друштвото на писателите, Исидора се среќавала со големите писатели како Иво Андриќ и Меша Селимовиќ.

Покрај тоа што е писателка, таа беше вклучена во филмската критика, моден дизајн, беше режисерка, како и автор на претстави. Има објавено над шеесет книги, педесет под нејзино име, а петнаесет под псевдоним. Како помлада се залагаше за демократија, укинување на воената служба и против дискриминација врз геј-популацијата, поради што, меѓу другото, веруваше дека луѓето од тогашната влада ја прислушкуваат и следат.

Како ТВ автор, работеше на повеќе проекти, од кои Клот-Фркет на телевизијата БК и телевизија БН и љубовниот водич на Исидора на телевизијата Метрополис.

Како сценарист и режисер, таа го потпиша првиот српски независен филм, Дорќол-Менхетен, во 2000 година.

Како колумнист и филмски критичар, таа пишуваше за скоро сите поголеми весници од поранешна Југославија. Остана во Курир најдолго време, каде што пишуваше колумни од 2003 до 2007. Авторка е на наградувани радио драми, од кои драмата за Исидора Секулиќ беше најуспешна. Таа е и добитник на бројни награди за литература и публицистика, но и за бројни хуманитарни ангажмани…

Како моден дизајнер на шапки, пак, таа имаше над десет модни ревии, за што доби и голем број на меѓународни награди.

“Јас ја обожавам модата, таа ни го прави животот поубав“, велеше Исидора.

Живееше и работеше во Белград. Беше во брак со драматургот Небојша Пајкиќ, со која имаше две деца, Лео Григорије Пајкиќ и Вила Евангелина Пајкиќ.

За подмолната болест често зборуваше и пишуваше

Исидора која почина во станот на нејзините родители во Нов Белград, со години се бореше со подмолната болест, за која пишуваше во своите книги, но и за која често зборуваше во јавност.

„Верувам во Господ за да се случи чудо, свесна сум за тежината на ситуацијата. Го сакам животот бескрајно, и покрај најстрашните страдања низ кои поминав. Можеби така научив колку е вреден. Ако некој ми кажеше што се ме чека и што ќе издржам, јас ќе кажев дека жива личност не може да го издржи тоа. И тогаш ги гледам Вила и Лев, нивните тажни и убави очи и знам дека морам да продолжам понатаму. Тие два пара очи ме држат, заради нив не се откажувам и повторно станувам. Кога ќе помислам дека не можам повеќе, тие ме гушкаат и јас ја добивам волјата и силата. Моите деца и мојот сопруг Небојша не ми дозволуваат да се откажам“ – изјавуваше таа во медиумите.

Бјелица секогаш беше оптимист, а со интелигенцијата и хуморот цели седум години се бореше против болеста.

“Болеста уништува сè. На некои и срце и хумор. Се додека можам да се шегувам, има надеж за мене. Кога ги гледав снимките со 77 метастази, докторката рече дека никогаш не запознала пациент кој подобро ја поднел лошата дијагноза. И реков: „Драга, овој Титаник четврти пат тоне, зошто плач и врева?“ Добрата вест е што можеме да видиме на снимката дека нема метастази во центарот за хумор, затоа не е најлошото! Нема човек што не се соочува со страв, особено кога умира. Но, со него не треба да се бориме, треба да се прифати стравот за тој да исчезне“, велеше Бјелица.

Исидора тешко ги поднесуваше терапиите и обвинувањата: “Првиот пат кога не знаев како да се справам со терапиите, му реков на сопругот: “Пукајте ми во глава, не можам да издржам повеќе!”. Имав најлоша можна ситуација. Не сакам да ги лажам луѓето. Јас нема да кажам: „Беше лесно, не е“ – во тоа време истакна Бјелица.

“Луѓето зборуваа дека ја користам болеста за маркетинг. Што требаше? Да ги испратам наодите во јавност за да се уверат луѓето? Се очекува ли болниот да не се однесува нормално, да плаче и слично?“- прашуваше.

Исидора Бјелица се бореше со ракот на јајниците долги години. Таа рече дека пробала над 150 алтернативни методи на лекување, како и дека тука грешела. Прекрасна вест дека од 70 метастази, нема активни ја добила благодарение на комбинацијата на хемотерапија, биолошка и имунотерапија.

Во јуни таа на својот фејсбук профил се обрати до јавноста за последен пат:

“Не сакав да ве давам, мислев дека можам сама. Како и да е, ова се толку ужасни физички и ментални маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Исус да простува и да ја прекине оваа агонија“, напиша тогаш на својот фејсбук профил Бјелица. “Пробав сè што е во моја моќ, но за што послужи тоа? За ништо. Само повеќе и повеќе болка. За жал, изолацијата ми дојде до глава заради мојата примарна болест“.

“Простете. Господе Исус Христос, помилуј ме, грешна“ – додаде таа во својот статус, додека нејзините обожаватели и праќаа бројни пораки за поддршка во таа пригода.

Не се разделуваме конечно, ти само опатува пред мене…

По повод смртта на Исидора Бјелица која беше популарна во целиот регион и пошироко, изрази на сочуство до нејзиното семејство, доаѓаат од сите страни. Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалните мрежи напиша: “Со жалење ја добив веста за смртта на нашата истакната писателка Исидора Бјелица. Нејзиниот необичен животен пат, како и трагата што ја остави на уметничката сцена, ќе остане запаметен во бројни книги и претстави. Исидора ќе биде запаметена и по нејзините оригинални јавни настапи, како и по нејзиниот остар пишан израз и уникатен стил“.

Од Исидора на социјалните мрежи се прости и популарната српска пејачка Цеца Ражнатовиќ за која Исидора сакаше да напише книга: “„Мила моја, многу ќе недостасуваш. Нека те чуваат ангелите“, напиша Цеца, која и беше долгогодишна пријателка и поддршка во најтешките моменти.

Писателката Јелена Баќиќ Алимпиќ, пак, од својата колешка се прости на инстаграм профилот со зборовите: Секогаш ќе те паметам ваква, луцидна, насмеана, со тој твој за мене смешен шешир. Ова го објавувам и пишувам бидејќи знам дека конечно не се разделуваме. Ти само пред мене отпатува (а патувањата како и на мене ти беа страст), на некое верувам поубаво и подобро место… (Д.Т.)