Кога велиме „Оф“, тоа не е само извик, тоа е реакција на нашиот орган за болка

129

Научниците пронашле нов орган преку кој луѓето чувствуваат болка, што би можело да доведе до развој на нови лекови против болки.

Истражувачите велат дека откриле посебни клетки кои ги опкружуваат клетките на нервите за чувство на болка и кои се шират кон надворешниот дел од кожата, кои според сите назнаки се поврзани со чувството за болка.

Тоа, како што пишува Гардијан, е откритие кое укажува на тоа дека зад извикот „Оф!“, се крие нов орган.

Научниците велат дека ова откритие овозможува нов увид во болката и дека тоа би можело да помогне во пронаоѓањето одговори на долгогодишните енигми.

„Најважното прашање за нас е тоа дали тие клетки се всушност причина за одредени видови хронични болки, изјави за „Гардијан“ коавторот на истражувањето, професорот Патрик Ернфорс, од Каролинскиот институт во Шведска.

Во текстот објавен во списанието „Сајанс“ истражувачите откриле дека ја проучувале природата на клетките во кожата кои, како што наведуваат, во голема мерка биле запоставени.

„Станува збор за вид на клетки „шван“, кои ги обвиваат и влегуваат во нервните клетки за да ги одржат во живот“.

Студијата открила дека клетките „шван“ имаат облик на октопод.
По испитувањето на клетките, научниците пронашле група на клетки под надворешниот слој на кожата, а откриле и дека тие клетки имаат долги продолжетоци кои се обвиткуваат околу нервните завршетоци за чувството за болка, кои се продолжуваат во епидермисот.

Научниците биле изненадени од откритието, бидејќи долго се верувало дека завршетоците на нервните клетки во епидермисот се голи или немаат обвивка.

„Во областа на болката зборуваме за слободни нервни завршетоци кои се одговорни за чувството на болка, ама тие всушност не се слободни“, изјавил Емфорс.

Научниците сметаат дека клетките „шван“ се важни за чувствувањето болка, барем кога станува збор за механички повреди и велат дека, во суштина, тие пронашле нов орган за чувство за болка.