Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ зборуваше за своите почетоци во кариерата. Тој беше дел од подкаст заедно со Васек Посписил и откри дека многу плачел по натпреварите на млади години.

-Се сеќавам на првиот турнир на кој што настапив. Победив со 10-8 и бев многу уморен. Потоа ја прегрнав мајка ми и започнав да плачам. Следниот ден загубив од Троицки со 9-0 и повторно плачев. Тоа го правев често кога бев дете, открива првиот светски рекет.