Нема прогресивно одданочување, нови даноци, ниту зголемување на постојните!

Се укинува прогресивното оданочување што требаше да почне од 1 јануари 2023 година и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните. Данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува исто 10 проценти, а не се менува ниту стапката на данокот на додадена вредност од 18 проценти, објави премиерот Димитар Ковачевски. Со новата даночна реформа предвидено е да не се оданочуваат каматите на депозитите и штедните влогови до влезот на земјава во ЕУ, но доброволно ќе се оданочува хонорарната работа и фриленсерите.

78

Се укинува прогресивното оданочување што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, објави премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа.

Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.

– Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза, рече Ковачевски.

Ковачевски појасни дека оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни. Со овој нов концепт не се предвидуваат нови даноци и нивно зголемување.

Тој додаде дека ќе има поголема праведност во оданочувањето, мислејќи на повластените сектори. Ќе се зголеми и оданочувањето во таканаречените „сиви зони“. Ќе има зголемени фискални зафати во дејностите кои негативно влијаат на животната средина со „зеленото оданочување“.

Со новата даночна реформа предвидено е да не се оданочуваат каматите на депозитите и штедните влогови до влезот на земјава во ЕУ, но доброволно ќе се оданочува хонорарната работа и фриленсерите.

Ковачевски рече дека во основа на новиот даночен систем е праведноста, но дека таа треба да придонесе за намалување на даночната евазија и сивата економија.

– Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза – рече Ковачевски

Целиот концепт ќе се реализира преку измени на законските решенија кои опфаќаат 4 групи закони.

– Од следната година нема да се применува прогресивното оданочување на доходот, што е одговор на бизнис заедницата и на граѓаните. Втората група треба да спречи злоупотреби при даночно ослободување и ќе ја намали даночната евазија. Тој предвидува повисоки казни за оние кои ќе го прекршат законот. Третата група предвидува законски измени за хонорарците. Доколку тие сакаат, самите ќе можат да изберат пензиско и здравствено осигурување на доброволна основа. На таа платформа ќе можат да се регистрираат и фриленсерите. Четвртата група се однесува на измена на законите и стапките на даноците за инвалидите и подобрување на положбата на жените. Стапката на ДДВ, на пример, ќе се намали за производите од групата „менструална хигиена“ – рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека е планирано да се оданочат и компаниите кои профитирале од енергетската криза, но како тоа ќе изгледа дополнително ќе се утврдува.

Министерот Бесими рече дека новите даночни реформи предвидуваат проширување на даночната база преку намалување на сивата економија и намалување на даночните ослободувања, но не ги зголемува стапките на актуелните даноци.

Според Бесими, дел од даночните ослободувања ја надминале потребата од нив и затоа се намалуваат.

Бесими рече дека во системот на даночни ослободувања остануваат дел од оние кои се од исклучитлено значење како она за реинвестирана добивка и донациите за спортот. Додека пак прехранбените производи остануваат со стапка на ДДВ од 5 отсто, но одделни производи кои се сметаат за луксуц ќе имаат 10 отсто стапка на ДДВ.