Ковачевски за Илинден на Мечкин Камен

111

Премиерот Димитар Ковачевски по повод Денот на Републиката, на националниот празник Илинден, на 2 август ќе одржи говор на Мечкин Камен.

„На Денот на Републиката, Илинден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченоста која ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево“, потврди Владата.

Свечената програма во организација на Владата започнува во 11:30 часот со положување на цвеќе на Мечкин Камен во Крушево.