КОБНА СУДБИНА….Кој се од познатите загина во сообраќајни несреќи?

719

За жал, кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ не е единствениот кој својот живот го заврши во страотна сообраќајна несреќа. Пред него уште значителен број на неговите колеги од естрадата настрадаа на некои од патиштата. Животот на пејачите се состои во живот на четири тркала. Тие се повеќе во автомобили или авиони отколку што се дома. Патуваат да ги веселат другите и никогаш не се знае како ќе заврши нивното патување. Сепак, за среќа, многумина од нив ги преживеале сообраќајните несреќи, некои како доживотни инвалиди, како на пример кантавторката Јадранка Стојаковиќ, која се до својата смрт остана неподвижна, во инвалидска количка. Другите не, тие трагично заминале од овој свет. Неверојатно е чудно што скоро сите трагедии се случиле во раните утрински часови.

Па, така во далечната 1976 година на 10 октомври враќајќи се од концертот во Александровац загина многу популарната фолк пејачка Силвана Зилха Арменулиќ. Цела Југославија ја оплакуваше пејачката. Имала само 37 години и беше на врвот на популарноста. Заедно со Силвана, во истиот автомобил, загинаа и нејзината сестра Мирјана, како и шефот на Народниот оркестар Миодраг Јашаревиќ.
Скоро иста несреќна судбина имаше и нашиот Тоше Проески кој загина на 26 години. Тој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на 16 октомври 2007 година. Тогаш со неговото возило управувал 32-годишниот Георги Георгиевски кој со менаџерката Љиљана Петровиќ ја преживеаја несреќата.
Српскиот пејач Дарко Радовановиќ имал 36 години кога настрадал на 11 јуни 2011 година во сообраќајна несреќа на обиколката кај белградската општина Сурчин. Новосадскиот пејач зад себе остави сопруга и ќерка.

Многу популарниот музичар Љубиша Станковиќ-Луис, беше познат по својот специфичен имиџ – бричена глава, долги фустани и необичен музички стил. Настрада во сообраќајна несреќа во 2011 година на магистралниот пат помеѓу Бачка Топола и Нови Сад.
Македонската естрадна сцена никогаш нема да ги заборави ниту познатата пејачка Сашка Петковска која со членовите на балетската група „Авона” го загуби животот. Сообраќајната несреќа се случи на патот Куманово – Свети Николе кога настрадаа девет лица: естрадни уметници, нивни пријатели, колеги, како и припадници на тогашната ЈНА.

Несреќата не дозволи тие да го одржат концертот за припадниците на Југословенската армија кои се наоѓаа на извршување на редовните обврски кај Свети Николе. На 31 август 1983 година меѓу тие девет жртви во тешката несреќа беа и пејачката Сашка Петковска, како и членовите на „Авона” – Пепи, Еви и Вељко (Ташо). Познатиот фолк пејач

Хашим Кучук Хоки кој во седумдесеттите години ја тресеше естрадата со хитот “Пијем да је заборавим” го изгуби животот на патот Суботица-Белград. Беше познат и по тоа што јавно и постојано зборуваше дека е најголем фан на тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.
Животот во сообраќајна несреќа го загуби и пејачот со македонско потекло Ипче Ахмедовски, кој е инаку помлад роден брат на далеку попознатиот пејач Јашар Ахмедовски. Несреќата се случила на Ибарската магистрала, а братот Јашар му ја посвети песната “Ти само ти”.
Својот роден брат исто така во тешка сообраќајна несреќа го изгубила и легендарната пејачка Тереза Кесовија. Нејзиниот брат Перо Кесовија беше доста познат новинар во загрепскиот “Вјесник”, а токму тој ден кога тој загина по некоја сосема неверојатна случајност, Тереза во Германија ја снимаше во музичкото студио песната со наслов “Мојот брат”. Некоја година потоа Тереза на починатиот брат му ја посвети песната “Ин мемориам” која поради преголемата тага само еднаш во животот ја има испеано.

Во Загреб низ една градска улица во далечната 1993 година, со автомобилот загина и познатиот кантавтор Томислав Ивчиќ на кого ексјугословенската публика ќе се сеќава по големиот далматински хит “Вечерас је наша фешта”……   Дуле М.