Книга: „The Game“ – добата во која живееме

152

Во „The Game“ италијанскиот автор Алесандро Барико со само нему својствениот шарм, ни ги претставува своите луцидно откачени сфаќања… Тој ни го свртува вниманието кон видеоиграта, во која гледа феномен што на ненаметлив, а категоричен начин ги поставува клучните начела на една колку неопходна, толку и возбудлива доба од развојот на човечката цивилизација: добата во која денес живееме – The Game. Веројатно не постои човек што барем еднаш не ја обвинил технологијата за создавање на едно френетично, плитко општество, кое сè позабрзано ита кон катаклизма. Но што ако, давајќи ваков суд, ние всушност гледаме од една „неапдејтирана“ перспектива? Што ако површноста е новата длабочина? Што ако дематеријализацијата на светот и неговото преточување во единици и нули се всушност внимателно смислена стратегија од страна на едно човештво што прави сè за да не се повторат ужасите на дваесеттиот век?