Книга: „Последниот од нас“ – приказна за забранетата љубов

49

„Последниот од нас“ на Аделаид Де Клермон-Тонер е приказна за забранетата љубов во време кога сè било дозволено.

„Менхетен 1969 година: Вернер Зилх, амбициозен млад човек, кој успеал со сопствени сили да се издигне во општеството и да стане успешен, решава да го освои Њујорк заедно со својот пријател Маркус. Но, Вернер Зилх е посвоен како мал од страна на едно американско семејство од средната класа. Еден ден, лудо се вљубува во Ребека, богата наследничка и сликарка. Кога Ребека го запознава со своето семејство, мајка ѝ пребледува, а Ребека исчезнува. Дрезден 1945 година: додека градот интензивно е бомбардиран, една мајка умира раѓајќи го своето машко дете, ‘последниот од нас’. Двајца непријатели – браќа, две жени врзани со непоколебливо пријателство, двајца млади занесесни од невозможна љубов. Ова се јунаците на овој роман кој напнува како трагедија, но се доживува како сага“, посочува издавачот „Матица македонска“.