Книга: „Половината што ми недостига“ – и идентитетот

20

„Половината што ми недостига“ на Брит Бенет е „роман на годината, речовит, нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот“, ќе посочи Тајм.

„Од град можеш да избегаш, но од крвта не се бега. Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света. Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја“, ќе посочи издавачот „Три“.