Книга: „Подарокот од Хамболт“ – врска меѓу уметноста и материјалното

71

„Подарокот од Хамболт“ на Сол Белоу е роман roman à clef за односот на Белоу со поетот Делмор Шварц.

Приказната живописно ја истражува променливата врска на уметноста и моќта во материјалистичка Америка. Темата е претставена преку спротивните успеси во кариерата на двајца писатели, Фон Хамболт Флајшер и неговиот протеже Чарли Ситрин. Флајшер копнее да го издигне американското општество преку уметноста, но умира во неуспех, а додека пак Ситрин заработува многу пари како писател, особено од претставата на Бродвеј по која се снимил и филм, во кој главниот лик е олицетворение на Флајшер.

Риналдо Кантабиле исто така е забележителен лик во овој роман, кој всушност се замислува дека е некаков си гангстер и се обидува да му се наметне како пријател на Ситрин.