Книга: „Есеи“ на Мишел де Монтењ

71

Една од оние книги кои служат како вечен потсетник за големината на човекот, „Есеите“ на Мишел де Монтењ содржат многу од најпознатите есеи кога и да е напишани, зборови што одекнуваат низ времето и умовите на такви врвни интелекти како Декарт и Паскал, Русо и Ниче, Шекспир и Асимов – само кратка листа што е сепак доволен доказ за нивната разновидност, сеопфатност и безвременост.

Монтењовата тенденција да биде дигресивен и анегдотарен, да се сомнева во сè во што може да се сомнева, да биде субјективен, прониклив и иновативен – е толку слична на духот на нашето современие што неговите „Есеи“ сè уште изгледаат модерни и свежи. И малку е веројатно дека некогаш нема да биде така.