Книга: „Еден текст и една жена“ – критичко-есеистичко дело

79

Најновата книга на Оливера Ќорвезироска, „Еден текст и една жена“, е одличен показ дека е возможно да се спојат добар читател и добар писател во една личност.

– Снајперски прецизните поенти и согледби, втемелени врз проникливите читања на рецентни книжевни дела со кои писателката развила читателски љубовни врски, се најавени уште со насловот на книгата. Благодарение на Оливера Ќорвезироска, секој толкуван книжевен текст во оваа книга добива живи и луцидни „љубовно-критички“ интерпретации низ призмата на „една жена“. Иако станува збор за критичко-есеистичка книга, Ќорвезироска успеала да напише „книга со срце“. Љубовта кон Текстот е двојно кодирана: како кон Текстот за кој се пишува така и кон Текстот кој притоа се испишува. Оваа книга е истовремено силен демант на честата теза за „смртта на книжевната критика“ во нашиот книжевен контекст – посочува Владимир Мартиновски.