Клично почна со тренинзи

68

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко, стартуваше со тренинзи, пренесува „Спорт арена“. Неодамна украинската легенда доби многу профитабилна понуда од 40 милиони долари за три меча во рок од една година. Првата борба се планира да се организира во Германија во мај против ривал кој се наоѓа на првите десет на рејтинг листата. Вториот и третиот – во Лондон на стадионот „Вембли“ против Британците Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Четириесет и две годишниот Кличко има 64 победи (53 со нокаут) и само пет порази. Во неговиот последен меч беше нокаутиран од Ентони Џошуа на 29 април во 2017 година.

Гласините за враќањето на Владимир Кличко започнаа на почетокот на годината кога почна да се зборува за борба со Дилиен Вајт во април. Но, Кличко ги негираше информациите, дефинирајќи ги како „лажни вести“.